Иако со месеци немале контакт изгледа дека љубовниот пламенот меѓу нив не згаснал, а чувствата уште повеќе се разгореа со почетокот на „Задруга 2“.
Луна Ѓогани уште првата вечер кога стапна во шоуто откри дека спомените и се вратиле и дека и е многу тешко, бидејќи таа се’ уште го сака Слоба. Таа не ги криеше дури ни солзите што нејзиното ријалити момче, со кого таа помина десет месеци во „Задруга 1“, не е покрај неа.
Слобо најмногу го погоди, кога во пресрет на нивната годишнина влезе во режијата на „Пинк“ и со мутиран глас зборуваше со Луна, која тој ден беше толку емотивна што буквално молеше Бога Слоба да се појави однекаде.
Тој им се доверил на своите пријатели дека е на работ на Луна да и каже отворено дека ја сака. Кога си заминал дома, ноќта не спиел,размислувал што да направи, за Луна да сфати дека му е жал што и го свртел грбот по завршувањето на „Задруга 1“ и дека тоа го боли – пишува „Српски телеграф“.
Знам дека мене никој нема да ме сака како Луна и никаде нема да најдам таква девојка – му се доверил Слоба на својот соработник, пишува медиумот.
Како што понатаму наведува изворот на „Српскиот телеграф“, Слоба сфатил дека единствениот начин да му биде простено е Луна јавно да ја запроси. Тој купил прстен од познат златар и верува дека во следниот месец, јавно ќе ја побара за жена, во реалното шоу.