Слоба Радановиќ одлучил тајно да се венча со Јелена Ѓуричанин која поради пејачот го остави својот сопруг.
На граѓанскиот брак ќе присуствуваат само кумовите, мајката на Слоба и двата сина на Јелена, пишува Информер.
„Слоба неодамна ми кажа дека ја побарал Јелена за сопруга и ми кажа дека нема многу да чека за венчавка. Ми се извини што нема да ме покани бидејќи одлучиле да не прават прослава затоа што пред два месеци почина неговиот татко. Слоба сака да ги избегне медиумите и фановите, па на венчавката која ќе биде на пролет ќе бидат само неколку луѓе“ вели пријател на Слоба и додава дека пејачот за следната година планира голема свадба:
„Кога ќе помине една година од смртта на неговиот татко, Слоба и Јелена ќе направат голема српска свадба“ вели изворот за Информер.
Наводно, парот по веридбата започнал заеднички живот.
„Тие чекаа Јелена да се разведе за да признаат дека се во врска. Слоба ја запроси на почетокот на јануари, а таа му кажа „да“ и заедно со децата се пресели во неговиот стан во Нови Белград. Тие се однесуваат како да се во брак. На Јелена и се допаѓа што Слоба се грижи за нејзините деца, а рекоа дека планираат и заедничко дете“ вели пријателот на Радовановиќ.
Парот се уште не се огласи по овие пишувања.