Радио Милева краток и јасен

Слоба Радановиќ се огласи по написите дека ја раскинал свршувачката со Јелена Ѓуричанин

Слоба Радановиќ се огласи по написите дека ја раскинал свршувачката со Јелена Ѓуричанин

Во регионалните медиуми се појавија вести дека пејачот Слоба Радановиќ и неговата девојка  Јелена Ѓуричанин ја раскинале свршувачката.

Шпекулациите започнаа откако наводно Слоба ја отследил Јелена од социјалните мрежи и ги избришал заедничките фотографии.

Меѓутоа, сепак овие информации не се точни. Извор близок до пејачот вели дека Радановиќ немал навика да објавува фотографии со својата девојка, освен од прославата на неговиот роденден, а тие и понатаму се достапни.

фото: Инстаграм

Исто така, Слоба ја следи Јелена, а тоа може да се провери на неговиот Инстаграм профил.

По шпекулациите дека ја раскинале врската, се огласи и Слоба кој кратко прокоментира:

„Ма, какви измислици“, вели Радановиќ за телеграф.рс

фото: Инстаграм

Јелена и Слоба ја започнаа својата врска во 2019 година, откако Радановиќ официјално се разведе од поранешната сопруга Кија Коцкар.

To top