Пејачот Слоба Радановиќ зборуваше за својот живот, работата, непријатните ситуации во кариерата, особено оние кои му се случувале на настапите.
„Не се срамам од ниту една работа, живеев сам, морав се да си обезбедувам. Се срамам од моето однесување во реалното шоу, тогаш така се чувствувам, но сите сме живи сушества и грешиме, важно е да нешто научиме“, изјави Слоба.
Тој раскажа и една непријатна ситуација која му се случила на настап.
„На настапите знае да биде тешко, посебно затоа што луѓето се под дејство на алкохол. Една девојка ме мавна со обувка сакаше да ме бакне. Девојка во Будва со сета сила ме фати за меѓуножјето и не пушта, не можев да верувам што се случува. Обезбедувањето удираше по рацете, а таа се смееше, среќа се добро заврши“, раскажува пејачот.
Инаку, Слоба сега е во врска со Јелена со која планира и свадба по завршувањето на пандемијата.