Пејачот Слободан Радановиќ е приведен пред настап во Будва, а веднаш потоа се огласи.
-Седевме на вечера, рутинска контрола, најнормална интервенција на полицијата!
Пријдоа, не имаше доста на масата… Информативен разговор, едноставно, не однесоа во станица, не можеа таму да го извршат разговорот. Отидовме таму, момците испаднаа баш коректни. Веднаш ме пуштија, за да стигнам на настап, објаснува Слоба, кој потоа додава:
-Тоа беше буквално само информативен разговор, тие си ја вршат работата. Тоа е единцица која… нормално, тие доаѓаат и се обидуваат да најдат нешто кај некого. Јас објаснив какви момци сме ние, со кого седиме, дека немаме ништо кај себе, особено јас, завршува пејачот.