Радио Милева

Слоба Радановиќ откри со што се занимавал пред да стане познат

Слоба Радановиќ откри со што се занимавал пред да стане познат
фото: Принтскрин/инстаграм

Слоба Радановиќ стана познат по неговото учество во „Пинкови ѕвезди“, а откако учествуваше во првата сезона на „Задруга“ не престанува интересот за него.

Денес Радановиќ живее од својата музика, но не отсекогаш било така.

Имено, пред да започне да се занимава со пеење, Слоба заработувал на разни начини.

Тој на својот „Твитер“ обзнани со што се занимавал.

„Сестрата на мојот другар веќе неколку дена се обидува да пронајде 4 берачи на малини за дневница од 25 евра и никој не сака“, напиша тој на Твитер и потоа откри како заработувал.

„Јас како дете за џепарац берев вишни, јаболки, истоварав камиони со цимент, по цел ден висев на покрив на лимарит на 40 степени носев лимени плочки и цигли“, напиша Радановиќ.

фото: твитерс

Останати вести од Радио Милева