Радио Милева
далеку од очите на јавноста

Слоба Радановиќ на „Денот на вљубените“ се жени по вторпат: Пејачот во тајност ќе каже „да“ на својата избраничка

Слоба Радановиќ на „Денот на вљубените“ се жени по вторпат: Пејачот во тајност ќе каже „да“ на својата избраничка

Пејачот Слоба Радановиќ денес (14.02.2022) се жени со партнерката Јелена Ѓуричанин.

Парот ќе се венча во манастирот Свети Козме и Дамјан кај Нова Варош. На церемонијата ќе присуствуваат најблиските членови на семејството.

Двојката ќе склопи и граѓански брак во ресторанот каде пејачот вечерва ќе има настап.

-Слоба одлучи да се венча во тајност, без гужва и медиуми. Затоа одлучи тоа да биде надвор од Белград. На венчавката ќе биде мајката на пејачот, родителите на Јелена, децата од првиот брак и неколку блиски пријатели, вели извор и додава дека парот ќег ги почитува сите обичаи.

-Многу се среќни што ќе се венчаат на Свети Трифун. Јелена и Слоба се три години заедно, ги посетија сите манастири во Србија, тие се големи верници. Слоба за кум го одбра пријателот и менаџерот Горан Лекиќ Лека додека кума на Јелена ќе биде нејзината долгодоишна пријателка, текстописецот Мирјана Мијатовиќ.

Иако  станува збор за скромна венчавка, Јелена ќе блеска во венчаница.

-На себе ќе има венчаница со долг вел, а Слоба костумот го купи во странство. Граѓанскиот брак и ручекот го организираа во етно – село каде што сопственик е кумот на Слоба.

Според зборовите на соговорникот, неколку часа по свадба, Слоба ќе има настап.

-„Тезгата“ за 14.02 ја закажа неколку месеци однапред, па не сакаше да откаже. Ќе пее вечер, а дотогаш венчавката и и свадбата ќе бидат завршени. Ќе има време и да се одмори, вели изворот и додава дека Слоба и Јелена планираат да направат голема свадба каде ќе ги собират сите пријатели:

-Веселбата за 200 луѓе ја поместија за летото. Е тоа ќе биде вистинска свадба на која би требало да пее и Дарко Лазиќ, вели изворот.

За Слоба Радановиќ ова ќе биде втор брак. Слоба од Кија Коцкар се разведе пред четири години.

фото: Инстагра/слоба радановиќ/ата имагес

Останати вести од Радио Милева