Радио Милева срам да те „изеде“...

Слоба Радановиќ доживеал неколку незгодни ситуации додека пеел на сцена: Стисок на женска рака за ма*иња, чизма во глава, комарец во уста… (ФОТО)

Слоба Радановиќ доживеал неколку незгодни ситуации додека пеел на сцена: Стисок на женска рака за ма*иња, чизма во глава, комарец во уста… (ФОТО)

Слободан Слобода Радановиќ одговараше на прашањата на своите обожаватели, кои го поставуваа на Инстаграм. Слоба, меѓу другото, откри какви девојки сака, што мисли за неговиот поранешен цимер Марко Јањушевиќ Јањуш, но раскажа и за две срамни ситуации што му се случиле нему за време на настапите.

– Што мислите за Јањуш? – беше следното прашање на еден од обожавателите.

– Мафијаш, криминалец. Што е можно подалеку од него … – напиша пејачот и стави емотикон кој  плаче од смеа, со што стана јасно дека се шегува.

– Најголем срам што до сега си го доживеал на настапите?

– Доживеав два срама. Првиот кога една девојка ме фати за меѓуножјето, ме зграпчи за ма*иња на сред сцена и не сакаше да пушти, а вториот е кога девојка од публиката ме гаѓаше чизма затоа што не сакав да ја бакнам во уста – објаснил Слоба.

На прашањето дали имал уште некоја непријатна ситуација на настапите, Слоба одговори следново:

-Неколку пати… На пример во Будва додека пеев ми влета комарец в уста и се заглавува во душникот… Почнувам да кашлам, не можам да дојдам до здив, буквално се гушам… Сите ме гледаат бледо, никому ништо не му е јасно, а јас едвај успев да си дојдам на себе!

Фото:  Инстаграм принтскрин/slobaradanovic

To top