Радио Милева ништо лично

Следниот мастер корона кластер е во пашалакот на струмичкиот „глАватар“: Наместо корона – чао, адио памет?

Следниот мастер корона кластер е во пашалакот на струмичкиот „глАватар“: Наместо корона – чао,  адио памет?

Додека Македонија деновиве урива рекорди по бројот на новозаразени во едно деноноќие од Ковид 19, очигледно некого ниту го загрижува, ниту „мува го лази“… Како и би, кога има кој да му чува грб среде струмичкиот „пашалак“, во кој излезе дека ни закон важи, ниту закон се почитува. За етика, морал, одговорност и здравствени норми и да не правиме муабет.

По принципот: „наши сме си, кој што ни може“, струмичкиот ноќен клуб викендов си ја тераше агендата надвор од сите пропишани здравствени протоколи и законски ограничувања. Жива свирка на познат фолк пејач, а внатре игла нема кај да фрлиш… Натуткани човек до човек, ниту социјална дистанца, ниту маски на лице, ниту бутур…  Корона – чао или адио – памет? Одговорот допрва ќе следува… за некој ден! За жал, заедно со се последиците!

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно институциите – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин“- напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

 

Добро гледаш министре… Ама ако малку подобро погледнеше, ќе видеше и кој ти ја мати водата во твојот бунар, во кој од петни жили се трудиш да биде бистра? Само до тебе не дошла информацијата кој прави отворена корона журка“ во пашалакот на твојот струмички „глАватар“? Или никој ништо не ви може, посилни сте и од судбина, а? Ама не сте! И самиот знаеш, а и за некој ден ќе се покаже и зошто!

Знаел не знаел, на Филипче други му ја плеснаа вистината в лице.  Твитерџиите беа оние од кои доби и директен одговор кој ги прави овие корона кластер забави.

Кога ќе се погледнат фотографиите ќе се види дека во струмичкиот ноќен клуб забави организираат лица кои ја промовираа и поддржуваа предизборната кампања на СДСМ.

На социјалните мрежи објавуваат настани на функционери од партијата на Заев, но и најава за журките во Струмица.

Откако јавноста се крена на нозе и сфатија дека „големиот чалам“ нема да им помине „на мала врата“, јавно се огласија и од менаџментот на клубот, кој на очиглед на сите, сакаат да го претстават како кафуле. На сите им е јасно од каква природа и за каква намена е објектот, освен на самите ним, за кои останува нејасно, дали и самите веруваат во она што го тврдат во изјавата или во она што и на нивната офицајлна Фејсбук и Инстаграм страница и самите го озваничиле, напишале и споделуваат?

Од менаџментот на „Аватар“ сепак велат дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.

„Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи. Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски. Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на исти начин како и сите други угостителски објекти во градот. Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи. Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема“ – изјавија од „Аватар“.

„Свадбата бидна“, а „после свадба тупани“, отсекогаш биле џабе музика! Сега останува да се молиме на Бога токму клубот од „пашалакот“ на струмичкиот „глАватар“ да не стане новиот мастер корона кластер. Секако, институциите за чија функционалност толку многу социјалдемикратската власт се залагаше, што дури среде пандемија народот го отера на избори, еве им шанса да покажат дека  праведно функционираат! Или пак ќе излезе дека во нивниот атар, никој ништо не им може на вазалите на струмичкиот глАватар?

 

 

 

 

 

To top