По дуетот со српската пејачка Данијела Кариќ со песната „Срца се погреше“, Елена Ристеска е актуелна со нова песна „Superstar“.
Имено, станува збор за дует со рускиот рапер Кирил, а песната ја напишал Дарко Димитров, а текстот е на Кирил односно Кеј –Ди – Ди- Кеј.
Спотот за истоимената песна е снимен во Мајами, а во продолжение може да погледнете.
Ристеска деновиве на социјалните мрежи не само што ја промовира својата нова песна, туку одвои време за оние кои ја следат нејзината кариера.
Така, Елена одговараше на прашања на нејзините следбеници на „Инстаграм“.
Освен прашања за нејзинита кариера, нејзиниот приватен живот, таа доби и комплименти и многумина и порачаа дека им е омиелна пејачка.
Меѓу прашањата кои и ги поставија на социјалните мрежи беше „Имаш ли дечко“?, а таа одговори: „Имаш ли некој на ум“, односно не даде конкретен одговор.
Од друга страна, некои од корисниците ја праша дали е во врска со македонскиот пејач Влатко Лозановски, на што таа даде негативен одговор:
„Нееее, уште ли верувате во се што ќе прочитате?“ кратко прокоментира Ристеска.
За потсетување, неодамна одредени медиуми пишуваа дека пејачката наводно има момче од Истанбул, но овие шпекулации засега не се покажаа како точни.