Александра Амбросио, поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“, предизвика големо внимание на Инстаграм на Денот на вљубените, бидејќи објави фотографија поради која сè друго падна во втор план.
Станува збор за фотографија на која Александра е со своето момче Никол Оди, но тоа не е обична љубовна фотографија, туку вистинска бомба. Имено, тие двајца се голи под туш, а згодната манекенка градите ги сокри со симбол од црвено срце.
Додека тие уживаат во страствената и мокра прегратка и разменуваат нежности, многумина се запрашаа кој ги фотографирал?
Ништо помалку впечатлива беше и објава на германската манекенка Хајди Клум и нејзиниот сопруг.
Хајди и Том Каулиц се легнати во кревет голи, а делумно се гледа неговото тело кое е сокриено од книгата со интригантен наслов „Ова мириса како мојата вагина“, пишува на книгата.
Сепак според лајкови, пожешка двојка беа Алесандра и нејзиното момче под туш.