Во денешно време, доволно е некој да има интересен профил на социјалните мрежи и врз основа на тоа, да стекне слава и заработи пари. Особено, наследниците на јавните личности се во предност над другите.
Социјалните мрежи, особено Инстаграм, презедоа предност пред конвенционалните медиуми и преку нив се создаваат нови sвезди. Затоа имаме состојба во која не што се популарни само пејачите, актерите и спортистите, туку и нивните деца, од кои некои и прават многу пари од рекламирање преку своите профили на социјалните мрежи.
Анастасија Ражнатовиќ – со 900.000 следбеници е највлијателен инфлуенсер
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ е една од првите славни наследници што стана славна на Инстаграм. Пред нејзината кариера во пеењето, Анастасија беше активна на социјалните мрежи и има над 900.000 следбеници. Поради ова, таа е највлијателната домашна инфлуенсерка на Инстаграм, а нејзе тинејџерките ја следат во чекор. Поради ова, Анастасија има многу реклами од кои таа заработува неколку илјади евра месечно.
Елена Китиќ – со 236.000 следбеници а, облините и деколтето во преден план
Ќerерката на Миле Китиќ и Марта Савиќ честопати се фали на Инстаграм со животот на висока нога. Таа го привлече вниманието со тоа што е различна од другите и има свој стил. Елена објавува и провокативни фотографии во предизвикувачки пози на кои во прв план се нејзините бујни облини како задникот и градите во преден план.
Софија Сашиќ – со 100.000 следбеници ја промовира својата модна линија
Ќерката на Жеjко Шашиќ и Соња Вуксановиќ важи за една од најпопуларните српски инфлуенсерки на Инстаграм и има над 100.000 следбеници. Софија често објавува фотографии од патувања, а често рекламираи разни брендови и заработува пари. Таа исто така го користи својот Инстаграм за да ја промовира својата модна линија, како и модната линија на нејзината мајка Соња.
Хелена Топаловиќ – 156.000 следбеници на „кралицата на ноќта“
Заедно со Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Милан Топаловиќ – Топалко ја започна својата кариера во Инстаграм пред неколку години. Иако има многу помалку следбеници од ќерката на Цеца (156.000), Елена е популарна на оваа социјална мрежа најмногу поради жешките фотографии и снимки. Наследничката на пејачот се смета за „кралица на ноќниот живот“, зашто често објавува материјали од ноќните клубови.
Уна Чолиќ – 17.000 следбеници за Убавина со стил
Иако не е експонирана толку многу во јавноста, ќерката на Здравко Чолиќ, Уна, е активна на социјалните мрежи, поради што во последно време привлекува поголемо внимание. Таа веќе има повеќе од 17 000 следбеници на Инстаграм, каде објавува фотографии од своите патувања, забави и понакоја попровокативна – во костими за капење и провокативни пози.
Мина Јоксимовиќ – 22.000 следбеници на Мајсторот за селфи
Ќерката на Жеjко Јоксимовиќ нема многу следбеници, само околу 22.000, но со оглед дека таа не е толку активна како другите наследници на јавните личности, и таа бројка е супер. И Мина прерасна во вистинска убавица, па често објавува селфи фотографии. Сепак, понекогаш сака да се пофали со извајаната фигура, па на Инстаграм знае да осамне нејзина фотографија во бикини или долна облека.