Холивудската жива легенда, славниот актер Роберт Де Ниро ќе треба да и плати отштета на својата долгогодишна асистентка од 1,2 милиони долари.
Поточно, исплатата ќе биде извршена преку неговата компанија „Canal Produktion“ поради обвинувања дека ја навредувал затоа што е жена и ја понижувал.
Иако се сметаше дека спорот ќе се одолговлекува, судот стави крај со ваква пресуда, а наместо бараните 12 милиони, актерот ќе и плати 1,2.
Поротата и судот пресудија во корист на Греам Чејс Робинсон која беше на платен список на Де Ниро цели 11 години.
Де Ниро не бил во судницата кога била донесена пресудата, а Робинскон ја дочекала конечната одлука пресреќна прегрнувајќи се со адвокатите.
фото:Twitter printskrin/New York magazine