Американскиот актер Еди Марфи и неговата свршеница Пејџ Бачер добија син, соопшти лицето за односи со јавност на Марфи.
За актерот кој има 57 години ова е десето дете по ред, а со Пејџ веќе има едно дете.
Во соопштението до јавноста се вели дека детето и мајката се добри и здрави по породувањето.
Она што е интересно е разликата во годините меѓу децата на актерот бидејќи неговиот најстар син Ерик има 29 години.