Пол Макартни ја отвори душата и за магазинот GQ и раскажа една приказна, поврзано со него и неговиот пријател и колега, Џон Ленон од времето на ерата на легендарните „Битлси“.
Како што изјави Макартни, Ленон и тој, верувале или не, правеле многу работи, меѓу кои и мастурбирале заедно.
„Тоа се случуваше во куќата на Џон. Бевме во група. И наместо да се напиеме и да се забавуваме, само седнавме на столици, светлата беа исклучени, и некој почна да мастурбира, па и ние“ – рече Макартни.
За да бидат сите уште повозбудени, сите го извикуваа името на актерката Брижит Бардо, една од најпосакуваните жени во светот во тоа време.
Макартни навел дека мастурбирале заедно со Ленон, само еднаш или два пати.
Фото: Танјуг