Денис Квејд кој од својата сопруга Лаура Савој е постар 39 години е еден од холивудските ѕвезди која гласините најмалку ја интересираат.
Големата разлика во годините не претставува проблем за многу од холивудските ѕвезди, а поголем дел од нив се колнат во љубовта и не се огласуваат поради злобните коментари на нивна сметка.
Еден од нив е и Денис Квејд кој освен богатата кариера има и богат љубовен живот.
И денес, во седмата деценија холивудскиот заводник важи за шармер на чиј хумор „паѓаат“ жените ширум светот, а љубовниот живот му е и повeќе од интересен.
Денис Квејд (68) оваа седмица во Нешвил на доделувањето на „CMT“ наградите гордо ја покажал своjaта млада сопруга Лаура Савој (29) што е доказ дека разликата од 39 години на парот воопшто не му смета.
Актерот и студентката се запознале пред три години, а во брачните води влегле една година по врската, а тоа ги изненадило многу од нивните пријатели.
На тајната венчавка во Санта Барбара биле присутни само тие и матичарот како сведок, а Денис пред Лаура клекнал во текот на романтичното патување во Хаваи.
„Не ја забележуваме разликата во годините. Никогаш никој не ми значел толку многу колку неа. Имаме прекрасна врска, а можам само да кажам дека љубовта секогаш ќе го пронајде добриот пат“, коментирал актерот во една прилика и истакнал дека Лаура е неговиот живот.
Квејд студентката по претприемништво ја запознал на деловен настан во 2019 година, а и двајцата кажале дека тоа било љубов на прв поглед. Лаура нагласила дека никогаш во животот не била толку многу заљубена, како сега во Денис и дека тоа не може ништо да го смени.
„Го сакам нејзиниот карактер, нејзината интелигенција и секако – убавината“, изјавил Денис во интервју за странските медиуми.
Да ве потсетиме, на Денис ова му е четврти брак по ред, па се надеваме дека ќе му потрае.
фото: профимедиа