Тој одлучи за својата сексуална ориентација за проговори по оптужувањата дека се обидел да заведе 14 годишник. Актерот Кевин Спејси вели дека сака мажи и има романтични средби со нив.
Ентони Реп, ѕвездата на филмот „Стат трек“, во неделата напиша твит дека на само 14 години Спејси го прегрнал и го спуштил на креветот.
„Чувствувам големо воодушевување кон Ентони реп како актер. Ужаснат сум што слушам ваква приказна“, вели Спејси. „Искрено јас не се сеќавам на тоа што тој го говори… Но ако сум се однесувал како што тој опишува, му должам искрено извинување, а можам да објаснам дека веројатно сум бил пијан“, одговара Спејси.
Актерот вели дека таа ситуација го охрабрила да проговори и за други нешта во неговиот живот.
„Како што знаат најблиските за мене, имав врски и со мажи и со жени. Сакав да имам романтични средби со мажи во текот на целиот мој живот и сега избрав да живеам како хомосексуалец, искрено вели Кевин Спејси.
Реп кој сега има 46 години, го обвини Спејси дека се обидел да го заведе на едена забава во 1986 година.
-Ме крена во раце како што младоженец ја крева невестата. Но јас на почетокот на давав отпор, туку бев збунет. А тогаш тој легна врз мене, вели Реп.
-Се обиде да ме заведе. Не знам дали можам да го наречам тоа така, но бев свесен дека се обиде да ме заведе во сексуална смисла, додава тој.
Актерот кој вели дека никогаш не го пријавил Спејс, открива дека скандалот со продуцентот Харви Вајнстин , го охрабрило да проговори за тоа.