Американската пејачка Пинк во еден момент морала да го прекине концертот бидејќи една жена од публиката раѓала.
Имено, додека ја изведуваше песната „Наша песна“, пејачката одеднаш му порача на бендот да престане да свири.
Набрзо сфатила дека болничарите дошле да земат родилка, па се пошегувала и прашала дали бебето ќе се вика Алесија или Алекс, алудирајќи на нејзиното вистинско име, пренесува TMZ.
Таа си посака среќа и брзо продолжи со концертот.
Пинк моментално е на својата турнеја „Летен карневал“ во Австралија.
Публиката со силен аплауз го поздрави овој несекојдневен настан.
фото:You Tube printscreen/ Vampyr Rock/ Instagram/ pink