Радио Милева
не смее да пее

Славица Ќуктераш се поздрави со својата публика… на (не)одредено време: Пејачката на хоспитализација (ФОТО)

Славица Ќуктераш се поздрави со својата публика… на (не)одредено време: Пејачката на хоспитализација (ФОТО)

Пејачката Славица Ќуктераш им се обрати на своите следбеници на Инстаграм и откри дека има проблеми со гласните жици.

По опсежните медицински прегледи, сите настапи беа откажани, а пејачката се огласи со следниов напис:

„Како пејач, најтешкото нешто што може да ти се случи е да ти се каже: „Не можеш да пееш!“ И не зборувај преку ден, зборувај тивко, само ако треба. Инхалации со кортикостероиди, адреналин, пантенол и разни други средства. Цигари ни случајно (тука  качувам плус 10 килограми за еден месец сигурно). Искрено, ова ми беше најтешко кога вечерва од ОРЛ слушнав дека имам задебелување на гласните жици и дека треба со голема дисциплина да работиме на нивното закрепнување. Малку е да се каже дека сум тажна, бидејќи првпат ова ми се случува и дека настапите се откажуваат додека не закрепнам целосно“ – сподели пејачката.

Славица Ќуктераш од 2020 година има бројни здравствени проблеми, но и лоша среќа. Откако се заразила со коронавирусот, пејачката набрзо развила гнојна ангина и била хоспитализирана. Исто така, на Ќуктераш и беше оштетен слухот по короната, за што таа зборуваше исто така на Инстаграм. Славица во 2021 година повторно заболела од Ковид, но истата година го повредила и окото и морала повторно да биде хоспитализирана.

Фото: Инстаграм принтскрин/cukterasslavica

Останати вести од Радио Милева