Цела Македонија и пошироко регионот се радува и го слави успехот кој го постигна струмичанката Славица Ангелова која успеа да го освои првото место на „Ѕвездите на Гранд“ за оваа сезона.
Дваесетгодишната струмичанка музичката кариера ја започна пред 6 години во емисијата „Неки нови клинци“ и оттогаш почна да ја гради својата кариера напредувајќи чекор по чекор, скалило по скалило, за конечно да застане на тронот на највлијателното музичко талент натпеварување во регионот. Инаку приватно, Славица студира медицина, додека во слободното време сака да патува, но по се изгледа дека по победата, музиката од хоби ќе и прерасне во нешто многу повеќе… Дури можеби и идна професија!?
Самата тврди дека колку по природа да е амбициозна и опуштена, од друга страна е мошне тврдоглава.
За време на натпреварот неколкупати реагираше и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, кој објасни дека некои работи ги правела сама и како не го почитувала договорот од пробите, поради што била редовен учесник во баражот.
„Не знам како тоа да го објаснам, едноставно ми се случува во моментот. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудев да го испочитувам тоа што го договоравме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува нешто и знам дека малку ја „зафркнам“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се е во ред, исто како и овој пат“ – откри во една прилика Славица која во големото финале со победата стана новата „Гранд кралица“.
Атрактивната струмичанка имиџот при настапите не го градеше на „голотија“ и речиси како по правило, освен со еден-два исклучоци на сцената воглавно беше закопчана до грло, што не значи дека пејачката не поседува атрибути со кој може да плени.
Напротив, Славица сиот свој го покажала на личниот Инстаграм профил. Во црна комбинација со кусо мини фустанче, струмичкото мињонче изгледа слатка како бонбонче.
Фотографиите пак во костим за капање, особено оние во мини бикини, покажуваат дека талентираната македонска пејачка е и тоа како секси мачка.
View this post on Instagram
Со привлечни облини, извајано тело и доволно бујна и однапред и одзади, Славица и тоа како го одзема здивот… Доволен е само еден поглед на пејачката кога е во бикини и срцето веднаш позабрзано чука, страста почнува полека да ве обзема и нежно да ве гребе, а возбудата доаѓа самата по себе.
View this post on Instagram
Впрочем, неспорен доказ за нејзиниот неодолив сексапил се фотографиите од нејзиниот Инстаграм профил на кој Славица ќе ја видите и распеана, но пејачката ќе ви ја долови и својата секси страна.
Фото: Инстаграм принтскрин/slavica.angelova