Пејачката Славица Чуктераш која е позитивна на коронавирус ги загрижи фановите кога објави дека прима инфузија.
Изгледа пејачката не се чувствува најдобро, па мораше да прими инфузија, а овој момент го забележа нејзината колешка Милица Тодоровиќ која исто така е позитивна на Ковид 19 и заедно е во изолација со Чуктераш.
По тој повод се огласи и претставникот за медиуми на Славица и откри дека пејачката некогаш има силни, а некогаш слаби симптоми.
„Нејзината здравствена состојба се менува од ден на ден. Некогаш се чувствува добро, а некогаш лошо, малаксано. Секако, ги почитува препораките на докторите, прима инфузија, а бидејќие во изолација со Милица Тодоровиќ тие се бодрат една со друга. Се надеваме дека тестот ќе покаже дека е негативна, па ќе може да се врати на своите обврски и снимања на нови песни“ велат од тимот на Славица.