Славната италијанска актерка и модел, Моника Белучи, денес ја живее својата шеста живиотна деценија, а годините не и можат ништо. Таа е неприкосновен секс симбол и дама на која се воодушевуваат и мажите и жените. Моника е родена на 30-ти септември во 1964 година во градот Кастело во Лама.
Започува да работи како модел за да ги плати студиите за факултет на универзитетот за право во Перуџа. Филмската кариера ја започнува на почетокот на 90-тите години, но нејзината популарност почнува да расте во 2000-та година кога игра во италијанскиот филм „Малена“.
Во ноември 2007 година станува заштитно лице на „Интимисими“. Во 1990 година се мажи со францускиот актер Винсент Касел со кого има две ќерки.
Денес тој е во брак и има уште една ќерка која се роди неодамна, додека Моника не се премажи по вторпат, но е во среќна љубовна врска.