Радио Милева заеднички именител

Слаѓана, Нина, Ава… Овие водителки на реалните шоуа имаат нешто ептен заедничко – затворско искуство! (ФОТО)

Слаѓана, Нина, Ава… Овие водителки на реалните шоуа имаат нешто ептен заедничко – затворско искуство! (ФОТО)

Слаѓана Петрушиќ пред два дена беше осудена на шест месеци затвор во Основниот суд во Белград, бидејќи во октомври 2015 година ја претепа Јелена Голубовиќ во реалното шоу. Со тоа им се придружи и на нејзините колешки Ава Карабатиќ и Нина Прља, кои веќе имаат затворско искуство, па така ќе може од прва рака од нив да слушне што ја чека таму.

Хрватската старлета, која однеодамна води “Запознајте ги паровите”, стана позната во 2009 година, кога таа, нејзината мајка Сања Карабатиќ и поранешното момче Спиро Миличиќ беа уапсени заради уцена на професорот по италијанска Живко Нижиќ од Задар. Беше откриено дека Спиро, во договор со Ава и Сања, и телефонирал на жртвата и му се заканил дека ќе ги објави неговите СМС-пораки со експлицитна еротска содржини што ги разменувал со ѕвездата.

Професорот бил принуден да му плати на Миличиќ две илјади евра, а подоцна добил ново барање за уцена од 7.000 евра, по што тој го пријавил целиот случај на полицијата, така што второто предавање на парите, всушност биластапицата за Ава, Сања и Спиро. Тие биле уапсени на автобуската станица во Задар, додека професорот Живко Нижиќ и признал на полицијата дека Карабатиќ прва му испратила порака: “Ми се допаѓаш” и дека подоцна се допишувале неколку месеци.

Случајот на Нина Прља е многу посериозен. Таа беше уапсена во еден стан во Белград под сомневање дека шверцува кокаин од Дубаи во вагината, со тогашното момче Иван Радовиќ.  Затоа е нарекоа “Белградска мула”. Поминала неколку месеци во притвор, каде што се изјаснила за виновна,по што ја казниле со домашен притвор, а на ногата носела алка со локатор. Таа неодамна објави книга во која е опишано низ што се’ минувала во притворот.

To top