Радио Милева „Не сметаат за волшебници“

Слаѓа Алегро брутално искрена за ситуацијата на естрадата поради пандемијата: „Се насладуваат – нека видат како е без пари!“

Слаѓа Алегро брутално искрена за ситуацијата на естрадата поради пандемијата: „Се насладуваат – нека видат како е без пари!“

Пејачката Слаѓа Алегро, како и многу нејзини колеги, се огласи на социјалните мрежи за тешката состојба во која се наоѓаат музичарите во моментот, поради нивната неможност да настапат за време на пандемијата од коронавирусот.

Според Слаѓа, многумина не наоѓаат разбирање за нив, како и за многу нивни соработници кои не настапиле цела година.

– Најмногу ми е жал што сега видов дека повеќето луѓе уживаат во тоа што не работиме. Како да размислуваат: „Нека видат како е кога нема пари“. Не сметаат за некаков вид волшебници со волшебни стапчиња што носиме полна вреќа со пари на грб – рече таа, а пишува Гранд онлајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sladja Allegro (@sladja.allegro)

Пејачката се осврна и на фактот дека многумина не се свесни колку пари се потребни за да се инвестира во песна и видео запис, но и на сите оние луѓе кои зависат од музичката индустрија.

– Ако нема настап, на пејачката не и е потребна шминка – страда шминкерот. Не е потребна фризура – страда и фризерката. Нема пејачи, немате емисии. И таму се сите тие луѓе зад сцената со своите семејства – продолжи Слаѓа, брутално искрена за состојбата.

To top