Радио Милева ги расплака сите

„Скршеница на колкот и бутната коска“ – Поради несреќата Душица Јаковљевиќ мораше да се повлече од малите екрани (фото)

„Скршеница на колкот и бутната коска“  – Поради несреќата Душица Јаковљевиќ мораше да се повлече од малите екрани (фото)

Популарната српска водителка помина низ агонија, а видеото кое го сподели остави многумина без зборови!

Водителката Душица Јаковљевиќ пред точно три години за малку ќе го изгубила нејзиниот сакан член од семејството, кучето Дона. Познатото ТВ лице тогаш помина низ правдата, кога нејзиниот миленик, на сред улица, пред зградата во која живее, го прегази возач на автомобил.

Кучето на Душица во таа прилика се здобило со тешки физички повреди, а водителката брзо го однела кај најдобриот ветеринар, кој направил се за да ја спаси Дона и да и ги олесни повредите. Јаковљевиќ не била при себе поради се што и се случило на нејзината Дона до толку што била принудена дури и да ја откаже однапред планираната средба со гледачите на ТВ Пинк во емисијата „Задруга – Народ пита“.

– Знам колку ја сакате Дона… Денеска не се дружиме во „Народ пита“ затоа што Дона ја удри автомобил и и ги скрши колкот и бутната коска… Сите ве сакам, оваа мала е борец – информираше тогаш Душица.

Познатата водителка сега објави видео од својот миленик, три години по несреќата.

-Прашавте каде е слатката мала Дона, која  беше прегазена од автомобили која имаше скршеница на колкот и бутната коска цели 6 месеци. Денеска е еден од најсилните булдози и сака гуми – изјави Душица на социјалната мрежа Инстаграм со видео од својот миленик.

фото: Принтскрин/Инстаграм/Душица Јаковљевиќ

 

To top