Во рамки на фестивалот „Скопско лето 2022“, вечерва на платото на „Ист Гејт мол“ ќе се одржи концерт насловен: „Македонски шлагери – стари песни, нови ѕвезди“.
Специјални гости ќе бидат Давор Јордановски, Андријана Јаневска, Сашо Гигов – Гиш, Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски.
Диригент е Иван Еминовиќ, уметнички координатор Сања Шуплевска, а продуцент е Орце Ицковски и Оркестар Полифонија.
Во сабота пак, концерт ќе одржи групата „Баклава“ – „За Скопје со љубов“, и тоа во Сули ан – Факултет за ликовни уметности.