Откако медиумите во Македонија и регионот објавија за скандалот што се случи среде Скопје, кој ријалити учесниците Тара Симов и нејзиниот љубовник, раперот Ненад Алексиќ – „Ша“ го направија, сега излегоа очевидци кои тврдат дека скандалот имал и свое второ, па и трето полувреме… Имено додека престојуваа во македонската престолнина, Ша љубоморен на присуството на еден нејзин другар за кој сметал дека и е бивш љубовник, физички ја нападна Тара.
Извор од Македонија близок до оваа двојка открива дека сè започнало на роденденот на пријателот на старлетата, македонскиот јутјубер Стефан Лазаров. Раперот наводно и направил љубоморна сцена на својата девојка без причина.
„Ненад дојде во Скопје како момче на Тара за неговиот роденден. Тој не знае како да се однесува, љубоморен е дури и на пријателите што ја познаваат со години. Одговорно тврдам дека Тара немала никаква врска со тоа момче. Кога ситуацијата се смирила, Тара го запознала Ша со нејзиниот татко и нејзиното семејство. Раперот се напил и започнал да се однесува недостојно. Повраќал, врескал, плачел… Врескал заканувајќи се дека ќе си пука во уста ако Тара го остави. Целото соседство можелао да ги види и слушне тие шокантни сцени. Едвај го смирле“ – вели изворот кој неколку пати присуствувал на нивните кавги.
Домашните и регионалните медиуми веќе напишаа дека нивното неодамнешно раскинување, кога Тара ги избриша нивните фотографии од Инстаграм, следеше заради неговиот физички напад врз неа, но Ша негираше. Изворот вели дека Тара не се вратила во Белград со своето момче и дека се’ уште престојува во Македонија.
„После сè што и се случи пред нејзиниот татко, таа не е луда да остане таму. Таа е во еден стан во Скопје, а Ша е во Белград. Пред неколку дена направи нова сцена, за која може да сведочи друг сосед.
Се’ се тресеше од неговото викање и удирање во автомобилот“ – рече изворот и опиша што се случувало во кафулето:
„Не знам што да кажам, ја турна неколку пати, ова е мало место, сите се знаеме, се’ се слуша и дознава. Дури и кога доаѓаат познати личности, сите приказни овде се шират брзо. Во кафулето во центарот на градот, тој врескаше и удираше по автомобилот бидејќи Тара сакаше да го напушти. Станува збор за црн џип „БМВ Х3“, кој го шутирше и удираше. Мислам дека и припаѓа на пријателката на Тара, со која таа е во станот. Знае да претера, никој не е цвеќе, но мислам дека е премногу млада за да се навикне на вакви работи“ – рекол соговорникот.
Гледав се од прозорецот. Тој е агресивен, воопшто не му беше грижа дали некој ќе го слушне. Со денови и ноќи, оттаму се слушаа вресоци и удари. Тие вресоци сигурно не кажуваат ништо добро“ – рекла една соседка кој е во близина на сместувањето каде што моментално престојува Тара Симов, и кој сакала нејзиното име да не се споменува во весниците.
Тара не сакала да ги коментира наводите на соседите од Скопје:
„Јас сум во Македонија, не се огласувам веќе некое време, ќе разговараме кога ќе дојдам во Белград“ – кратко одговорила Тара на телефонскиот повик на новинарот од српскиот медиум.
Фото: Инстагрма принтскрин/tara_simov.lavica