Мегафон

„Skopje Vinyl Convention“ во МКЦ – Скопје

„Skopje Vinyl Convention“ во МКЦ – Скопје

Сабота (28 септември) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи настанот „Skopje Vinyl Convention“. Целодневната програма вклучува над 30 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 50 музичари.

Програмата почнува во 13 часот, а ќе настапат познатите DJ Woody (UK), Naughty NMX (GER) и Mirko Machine (GER). Од регионот доаѓаат Aki (SRB), Bdat Dzutim (SRB), Ceka (SRB), Chile (SRB), DELightfull (BG), Ellis D. Fogg (SRB), Iron (SRB), Not Eazy (BG), Oysha (SRB), Pavlos Wax (GR), Samm The Man (BG), Skill (BG), Truman (Italy) и Venom (CRO). Не помалку добри ќе бидат и Andrej Micajkov, Ariton, Bazel, Bojan Chakra, Boogieman, Bruv, Chiko, Christian HSS, Chvare, Darko Markovski, Dimitri From Chair, Double G, Drama, Drazi Drags, Filip Stefanovski, Flooder, George Cvetkovski, Geto Rudi, Goce, Goran Кan, Hypertech, Iceberg, Koushiro, Lans, Lephonq, Machki, Maci Stojanovich, Milan Serafimov, Mileskaya, Mirko Popov, Nastasyakish, Nikifor, Oki Doki, Pass-N-G-R, PMG Kolektiv Live, Samoil Radinski
Shark, Strajk, Tomi Bojadzi, Ux, Uzun Baba, Vasja, Vaso, Wish.ko

Попладнето и вечерта се резервирани за микро-настанот  во склоп а конвенцијата „Историја на македонската винил продукција“, чија програма вклучува музика, дискусија и филм, организирана од „ПМГ Рекордингс“.

18.00 – музичка програма, концерт на „ПМГ Колектив“ (плато МКЦ)

19.00 – дискусија на тема „Историја на македонската винил продукција” (џебно кино) со Братислав Зафировски – Брацо, Горазд Чаповски, Мирко Попов, Александар  Видиновски и Виолета Качакова како модератор.

21.00 филмска програма (џебно кино)
„103 Љубовно писмо до алтернативната култура”, музички документарен филм, режија Синиша Евтимов, сценарио: Мирко Попов

„Ако никој не свири”, музички документарен филм, сценарио и режија: Ѓорѓи Јаневски

„The Hip – Reality Overdrive”, Долгометражен видео албум, режија на Јане Алтипармаков, по оригинална идеја на Љубиша Петрушевски.

To top