Групата „Фолтин“, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет, специјално подготвен за Skopje Unplugged 2020!
Поради запазување на пропишаните протоколи и мерките за безбедност, влезниците се во строго ограничен број и истите можат да се набават на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/
Време е за музика, време е за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged на 17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути, навечер!
Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, публиката ќе има ексклузивна можност да ги проследи настапите на едни од најголемите македонски музички ѕвезди.
Уникатно доживување со лимитиран број на посетители, за кои е обезбедено седење на растојание од 1,5 метри .
Skopje Unplugged 2020 ќе покаже дека е возможно музиката спиритуално да ги сплоти и поврзе луѓето дури и во услови на запазена физичка дистанца.
На годинешното издание на Skopje Unplugged 2020 фокусот е целосно ставен на македонски изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња.
Фестивалот е во организација на Универзална Сала, а под покровителство на Град Скопје, поддржан од винаријата „Камник“.