Радио Милева ќе се видиме летоска

Скопје трчаше 10К, трчаше и Димитар Атанасовски и истрча… некако: „Ајде дебел, ти можеш“! (ФОТО)

Скопје трчаше 10К, трчаше и Димитар Атанасовски и истрча… некако: „Ајде дебел, ти можеш“! (ФОТО)

Скопската хуманитарна трка „Скопје трча 10к“ побуди енормно голем интерес кај јавноста. Не само заради нејзиниот хуманитарен карактер, туку и заради се поголемата и поразвиена свест и навики кај скопјани и оние на привремен престој во македонската метропола, дека трчањето, движењето, спортот, рекреацијата… физичката активност воопшто, значи и поздрав живот.

Затоа трката имаше таква масовност, а за нејзината популаризација се погрижија и дел од познатите личности и јавни фаци кои како своевидни амбасадори дадоа поддршки со сопственото учество во неа, како што беа: пејачката Викторија Лоба, топ моделот Катерина Ивановска, кошаркарката и мис фитнес Едина Муса, екс македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Гроздановски, лидерот на групата  „Меморија“ – Петар Георгиевски – Камиказа… и уште еден куп други познати и признати личности од разни професии.

Меѓу „сите ѕвезди“, оние барем кои се занимаваат со јавна професија и тој – водителот Димитар Атанасовски. И ништо неќе беше тука чудно ако оние кои го познаваат Димитар од порано, сега едвај можеа да го препознаат? Водителот се појави да трча со вишок килограми како никогаш досега!

Факт е дека неодамна стана татко и дека неговата сопруга, пејачката  Сара Мејс додека беше во блажена состојба стави некој колограм повеќе што е сосема нормално за трудница, ама гледајќи го Димитар изгледа дека обајцата „растеле“ заедно!

И покрај тоа, водителот апсолутно без комплекси се појави на трката, па гордо и најдостоинствено се бореше што со килограмите, што со километрите…ама сепак издржа! Можеби, „душата му дојде во носот“, ама ја истрча! За доблеста да биде поголема, постираше и неколку фотографии на социјалните мрежи. Е сега, тоа што скопскиот сеир е поголем од успехот – е друга работа, па коментарите беа различни… Воглавном мајтапџиски! Особено оние покрај неговата  фотографија на која Димитар, шегувајќи се на своја сметка напишал: „Моментот кога те бодрат со зборовите – ајде дебел, ти можеш !!!“ 

Така, Миа Костова коментираше: А, што па ја се побркав, све си мислев Сара Мејс беше трудна и роди бебе , оно ти си бил“.

Мијата: „Јас те сфаќам, не се секирај…“

А и самата Сара Мејс имаше што да додаде: „Моето си беше и си пројде… Димитар уште го носи неговово“

Димитар пак,прифаќајќи ги шегите без да се налути, ем храбро ги истрча скопските „10К“, ем на крајот на сите коментари им одговори, испорачувајќи го своето мото: „Ќе се видиме летоска“! Патем, фотографирајќи се со Катерина Ивановска како да асоцираше дека зимава ќе работи на себе и својата фигура, за да ја доведе до ниво на… манекен! Како убавицата до него од фотографијата!

 

 

 

To top