Мегафон

„Скопје постер фестивал“ по 13-ти пат во МКЦ: „Цврсто, сите заедно!“

„Скопје постер фестивал“ по 13-ти пат во МКЦ: „Цврсто, сите заедно!“

Плакати кои инспирираат движење за подршка на борбата со пандемијата од 75 светски дизајнери од 56 земји ќе бидат изложени на актуелното 13-то издание на „Скопје постер фестивал“ што од 16 до 26 ноември се одржува во Младински културен центар. Мотото на манфестацијата е „Цврсто, сите заедно!“.

Јоси Лемел од Израел, Мирко Илиќ од Хрватска/САД, Кубанецот Хавиер Борбола , Адек Сапутра од Индонезија, Унгарецот Петре Поч, Италијанецот Тирсо Цезар, Кристофер Скот од Еквадор, Луис Ривера од Бразил, Американката Ерин Брајт, Роберт Јанг од Велика Британија, Јапонецот Хитоши Муира и нашите Небојша Гелевски и Лазе Трипков се само некои од 75-те светски дизајнери од 56 земји од светот чии плакати се изложени на актуелното 13-то издание на Скопје постер фестивал што од денеска, 16 ноември и во наредните 10 дена се одржува во Младински културен центар.

Идеен творец и организатор на оваа манифестација која поодамна се издигна над обичноста на повеќето културни понуди кај нас и со право се следи со нагласено внимание на уметниците ширум светот е ПЛАКАРТ.

To top