Четиридневниот фестивал „Скопје колинг 2018“, кој годинава ќе се одржува од 21 до 24 јуни на стадионот на АРМ.
Како што е познато, фестивалот го отвораат Аксвел и Ингросо (Axwell & Ingrosso), чиј настап е закажан за 21 јуни, следниот ден, односно 22 јуни е резервиран за трип-хоп легендите „Морчиба“ (Morcheeba), а како специјално изненадување за посетителите, е потврден и настапот на француската атракција „Нувел ваг“ (Nouvelle Vague), која ќе настапи истата вечер со „Морчиба“.
Вечерта на 23 јуни најубаво ќе си поминат љубителите на рок-музиката, бидејќи за првпат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња – „Тексас“ (Texas), а за првпат на голем концерт на отворено ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд. За што поспектакуларно финале на „Скопје колинг 2018“ ќе се погрижи последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Вокер (Alan Walker), којшто од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24 јуни.
„Сите оние што имаат купено влезници за Алан Вокер за 2 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум – 24 јуни“ – објави организаторот и додоаде:
„Со новите измени би сакале да ви соопштиме дека локациите за настапите на Систер Блис и Роџер Санчез ќе бидат објавени следната недела“.