Мегафон

Скопје и „Интермецо мјузик бар“ за старт на европската турнеја на „Derun“

Скопје и „Интермецо мјузик бар“ за старт на европската турнеја на „Derun“

Мега популарното музичко дуо од Турција – „Derun“ доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум. Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата.

А, нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар – Intermezzo music bar и во рамки на Интермецо музичките ритуали – фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion.

Интермецо музичките ритуали како и секогаш нудат најдобра музика и енергија во градот, а овој петок (со почеток во 21 часот) доживуваме ново музичко патување со безвременските артисти Derun. Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.