Мегафон

„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември

„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември

„Скопје филм фестивал“ денеска соопшти дека е променет терминот на одржување, односно 23-тото издание на овој фестивал наместо во април, годинава ќе се одржи од 9 до 17 септември.

Ова одложување, како што информираат организаторите, е во согласност со препораките од Министерството за здравство.

Во своето соопштение организаторите најавија дека се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март годинава, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека на  Македонија.

За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.

To top