Актерката Скарлет Јохансон (35) по двегодишна врска минатиот викенд се омажи за американскиот комичар Колин Јоста (38).
Добрата вест беше објавена на социјалните мрежи на хуманитарната организација „ Meals on Wheels” “, каде се наведува дека парот се венчал на интимна церемонија на која присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.
За време на церемонијата биле преземени сите пропишани мерки со цел да се спречи ширењето на короната, а во соопштението беше нагласено дека новопечетниот пар им порачува на обожавателите кои ја слават својата венчавка да го сторат тоа со донирање пари во хуманитарни цели.
View this post on Instagram
-Нивната желба на венчавката беше да им помогнат на старите лица во ова тешко време – пишува во публикацијата на споменатата страница.
Инаку, Скарлет беше во брак со Рајан Рејнолдс од 2008 до 2011 година и од 2014 до 2017 година со новинарот Роман Дауриак, со кого ја има ќерката Роуз Дороти.