Списанието „Форбс“ ја прогласи Скарлет Јохансон за најплатена актерка за 2019 година, а во текот на истата заработи 56 милиони долари.
Актерката почнала да глуми од својата осма година, се проба и во водите на музиката, театарот, но и во улогата на водителка, а претходната година најмногу заработила од блокбастерот „Одмаздници: Крајот на играта“
Скарлет е позната и по улогата во филмот „Изгубени во преводот“ во кој глуми заедно со Бил Мари, а оваа година е номинирана за два Оскари, за улогите во филмовите „Зек Џоџо“ и „Приказни за бракот“.

Нејзиното богатство се проценува на 165 милиони долари, Претходната година таа заработи дури 56 милиони долари, а за улогата во филмот „Одмазмички“ доби 35 милиони долари.

Во мај 2019 година таа ја објави свршувачката со Колин Џост, и тогаш доби и дијамантски прстен од 11 карати во вредност од 450.000 американски долари.

Досега освои неколку награди: БАФТА- награда за филмот „Изгубени во превод“, МТВ награда заедно со својот колега за најдобра борба во „Одмазнички“ и „People Choice Award“ за омилена филмска женска ѕвезда.