Радио Милева Оскари, мода и гламур

Скапоцености и луксуз и „фатија око“ на водителката: Елена „Живот со стил“ со свој моден избор од Оскарите (фото)

Скапоцености и луксуз и „фатија око“ на водителката: Елена „Живот со стил“ со свој моден избор од Оскарите (фото)

ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како  Елена „Живот со стил“ е дама која води сметка за нејзиното тело за физичкиот изглед, а најмногу за изборот на облека.

Таа е позната по нејзиниот избор на гардероба и модните комбинации, а сето тоа го покажува и на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“, па често знае и умее да ги инспирира и нејзините следбенички со некој убав спој.

Бидејќи ова е тој период од годината кога сите со нетрпение ги чекаме Оскарите, таа одлучи да го сподели нејзиниот избор и да ги покаже нејзините „Fashion“ фаворити.

Нејзин избор падна на „Louis Vitton“, а напиша дека е задоволна и дека одлично и стои на светски познатата актерка Кејт Бланшет.

– Кристали скапоцени камења тоа е „Zuhair Murad“ , a мене многу ми се допаѓа, напиша македонската водителка и  инфлуенсерка.

Убавицата Мишел Јео во „Dior“  беше еден од нејзиниот избор, која со задовоство ја смести во редот на најдобрите.

Потоа направи една компарација помеѓу Џиџи Хадид и Лејди Гага па, им се обрати и на нејзините следбеници: „Џиџи Хадид го носеше на шоуто на „Versace“ па, доколку ви е познато тоа ме интересира на кого подобро му стои?

„Убава, елегантна, секси, ништо подобро не очекував од неа“ – беше нејзината констатација.

Елена Најдоски покажа зошто ја сака модата па напиша:

– Фустанот од Ellie Saab ,

– Дијамантите од Bulgari

– Iconik leg moment на Анџелина Џоли

 

 

И за крај го сподели и нејзиниот фаворите од „ Винити Фер“ журката, а на објавата напиша „Фустан засекогаш“.

– Се надевам дека ви се допаднаа моите модни фаврити од Оскарите и гламурот на „Винити фер“. Ако е така ви благодарам на вниманието –  напиша Елена и остави слобода за избор и на нејзините следбеници.

„Сега вие сте на ред“- напиша таа и објави неколку креациии за кои праша дали им се допаѓаат .

Ова беше модниот избор на Елена „Живот со стил“, а кои вам ви се допаѓаат одлучете сами!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Најдоски

To top