Скандалозната 17-годишна бугарска поп пејачка Сузанита само што ја напушти клиниката за лекување на наркозависници и повторно започна да провоцира. Ќерката на фолк легендата Орхан Мурад ја изимитира својата колешка Андреа, со која некогаш имаа заедничка песна „Строго Забрането“. Андреа утеха по раскинувањето на врската со Кубрат Пулев – Кобрата, најде во објавувањето на разголени фотографии и видеа на социјалните мрежи.
На една од нив, таа ги спушти пантоланите и нејзиниот задник остана разголен да го прекрива само длабоко врежаната танга во него.
Апсолутно истото сега го направи и 17-годишната Сузанита. Додека шеташе наоколу во зелени тренерки, таа ги израдува своите обожаватели спуштајќи ги во еден момент надолу на јавно место и остана само по танга гаќички, при тоа провокацијата поткрепувајќи ја со прашањето: „Сега, тренди ли сум?“