Се појави вест дека и принцот Вилијам не е ништо помалку скандалозен од неговиот помлад брат Хари.
Гостите во Бистро Бутеро, опишан на интернет како „queer простор“, биле шокирани кога го виделе принцот Вилијам како влегува во ресторанот и се придружува на толпата.
Снимката направена од локален жител за време на посетата, покажува дека Вилијам седи со група од својот персонал додека келнерот ги прима нивните нарачки.
Изворот за Дејли Мејл рекол дека „тимот на палатата Кенсингтон резервирал локален ресторан во близина на местото каде што работеле и принцот одлучил да им се придружи“.
Prince William spotted having dinner with his staffer at a LGBTQ+ restaurant in Poland. pic.twitter.com/7tkSuJNevj
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) March 23, 2023
Наводно, Вилијам ги прашал што прават, па прашал дали може да дојде кај нив, а тимот навистина го ценел тоа што побарал да им се придружи.
Сопственикот на ресторанот, Павел Засим, бил вчудовиден како и неговите гости кога го видел кралското семејство во живо, велејќи за британскиот весник дека „апсолутно немал поим“ дека Вилијам ќе дојде и дека масата била резервирана за роденденска забава за жена по име Дејзи и 11 нејзини гости.
Принцот дошол во ненадејна посета на Полска за да ја истакне британската поддршка за земјата, која им помага на бегалците раселени од војната во Украина.
Тој, исто така, се сретна со британските и полските војници стационирани во близина на украинско-полската граница и ја пофали нивната „соработка за поддршка на народот на Украина и нивната слобода“.
фото:Твитер/ Принтскрин/Профимедиа