Катарина Радивојевиќ повеќе не е дел од серијата „Ургентен центар“.
Имено, по скандалот кој се случи кога на организаторката и удри шлаканица, екипата се согласила дека не ја сака актерката во тимот.
На скандалот присуствувала целата екипа од снимањето и изгледало како нормална караница, но наеднаш таа излетала од колосек.
Кога организаторката и соопштила на Катарина дека мора да почека неколку минути за својот ред за превоз, таа не сакала да слуша образложение, туку продолжила да се кара, па и удрила и шлаканица.
Од продукцијата „Emotion“ ги потврдуваат сознанијата за српските медиуми, а Катарина се уште не се огласила по тој повод.