Радио Милева

Скандал за кој медиумите се се’ погласни: Бали Бег ја изневерувал Неџла со познатата американска актерка?! (фото)

Скандал за кој медиумите се се’ погласни: Бали Бег ја изневерувал Неџла со познатата американска актерка?! (фото)

Турскиот заводник, актерот Бурак Озџивит, најпознат по улогата на Бали-бег, не е во добри односи со својата сопруга Фахрие Евџан веќе една година, барем според извори блиски до парот, кои тврдат дека ситуацијата меѓу нив не е најдобра.

Според шпекулациите во турските и светските медиуми, Бурак наводно ја изневерува сопругата со својата американска колешка Тара Рид, позната по улогата во хит филмот „Американска пита“.

Таа и Бурак се запознаа на снимањето на трилер филм што го снимаат заедно, „Печурката на Маша“, уште од тогаш се зборуваше за наводни искри што горат меѓу нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Извори од сетот дури велат дека славните актери разменувале нежности во гардеробата за време на снимањето.

– Снимањето заврши, и јас отидов да ги земам своите работи. Одеднаш слушнав некои звуци, а потоа во далечината ја видов Тара како стои целосно гола пред Бурак – изјави еден од вработените од сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

Фановите на овој актер сè уште не веруваат во озборувања.

„Па, погледни ја Тара и погледни го Фахрие. Се сомневам дека Бурак ја изневерува својата сопруга со колешката. Се надевам дека ова се само гласини – е еден од коментарите.
Да потсетиме, Бурак и неговата сопруга ги украдоа срцата на милиони, глумејќи во многу турски сапуници. Тие беа во љубовна врска четири години, по што се венчаа во 2017 година и добија син.

To top