Радио Милева

Скандал во ТЛЗП: Каролина Гочева беше судијка, а Ненад Пагонис и Едита и се нафрлија!

Скандал во ТЛЗП: Каролина Гочева беше судијка, а Ненад Пагонис и Едита и се нафрлија!

Полуфиналето на шоуто ТЛЗП го обележа и еден скандал, односно неочекувана реакција на Ненад Пагонис и Едита Арадиновиќ.

Имено, гостинка во жирито беше нашата Каролина Гочева која освен што ги коментираше настапите и секако најмногу ја пофали Тијана, на некои од учесниците мораше како што е редот да им додели помалку поени за време на гласањето.

Нанад Пагонис беше еден од нив, а тоа веројатно не му се допадна, па во негово име Едита ја искритикува Каролина. Кога микрофонот дојде во рацете на Едита таа кажа:

Морам да ја искористам оваа прилика поради тоа што е во живо. Кој од членовите на жирито му додели мал број бодови на Наенад? Ѓура или Каролина? Каролина? Е па поради тоа што Ненад на моето уво кажа грд коментар, за тие мали бодови, јас ќе му ги дадам моите пет за да покажеме дека го цениме тоа што го направи бидејќи е спортист, кажа Едита и иронично очигледно згрозена од пцовката која ја слушнала и додаде: Нина, бидејќи зборуваше дека ова е големо семејство, тоа не е баш така, нема тука семејна атмосфера, заврши таа.

Каролина сепак немаше никаков коментар на ова, туку на крајот на шоуто се фати и заигра оро со дел од учесниците.

Инаку, оваа сезона Ненад Пагонис го следеа доста скандали. Тој минатата нделела предизвика бура кога на сцена имаше хомофобичен испад, а потоа ги прозва и Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, а лош коментар за испадот доби и од Александра Радовиќ.

 

To top