Во семејството Клуни се одвива драма откако сестрата на Амал Клуни, Тала Аламудин Ле Талек ја осудиле на три недели затвор и казна од 6 400 долари.
Тала направила многу сообраќајни прекршоци, а меѓу нив е и возење во алкохолизирана состојба.
Во мај оваа година, сообраќајен полицаец ја стопирал Тала поради рутинска контрола и утврдил дека таа е под дејство на алкохол.
Таа возела во алкохолизирана состојба три пати повеќе од што е дозволено.
Тала жали поради прекршокот кој го направила и свесна е за последиците. Полицаецот на суд рекол дека не можела да одговори на неговите прашања, поради пијаната состојба и дека мирисала на алкохол. Кога Тала ќе излезе од затвор ќе ѝ биде одземена возачката дозвола на 4 години.
„Тала, мајка на четири деца, ја сфаќа грозната грешка која ја направила и страда од непосакуваното медиумско внимание поради причини кои не се под нејзина контрола“, рекол адвокатот на Тала.