Ненад Алексовиќ Ша физички ја нападнал својата девојка Тара во Скопје, пишува Блиц.рс
Како што тврди нивниот извор, тепачката избила по нивната кавга поради нејзиното поранешно момче. Како последица на тоа што Ша ја стискал и штипел Тара, па таа има модрици на раката.
„Ша ја удри Тара. Тоа е случи пред едено познато кафуле среде Скопје. Прво настана кавга поради нејзиното поранепно момче, па Ша се обиде да и го земе телефонот, почна да ја удира и да ја штипе. Тара многу се вонземири, седна во автомобилот и замина кај еден другар“- тврди изворот.
Тара на своите пријатели им кажала дека ситуацијата била страшна, па другарите сакале да го најдат Ша и физички да се пресметаат со него.
„Таа кај тој пријател дојде уплашена. Имаше модрици на рацете и кажа дека Ша и ги направил бидејќи ја штипел и влечел“, вели изворот за Блиц.рс
Порталот ги објави и фотографии од раката на Тара.
Инаку, парот се запозна во реалното шоу „Задруга 4“ каде ја и започна својата романса.
Фото: Снежана Крстиќ/принтскрин/рац комбо/Инстаграм/приватна архива/Блиц.р