Пејачката Дара Бубамара повторно се најде во центарот на вниманието и овојпат на светско ниво.
Имено, овагодинешниот шпанска претставничка на „Евровизија“ ја ископира нејзината песна „Екстравагантно“ од 2017 година која е дело на Стефан Ѓуришиќ Раста и Цоби.
Пејачката Шанел ќе се претстави со песната „Slomo“, а медиумите во Шпанија пишуваат дека станува збор за плагијат и дека се слуша сличноста меѓу песната на Дара и песната на Шпанија за Евровизија.
-Победничката песна на Шанел треба да биде дисквалификувана поради непочитување на правилата. Песната е иста како на Дара Бубамара од Србија, напиша еден корисник на Твитер.
По овој повод се огласи и Раста.
-Го ископираа манирот на песната. Многу тешко може да се препознае и е потребно силно судско вештачење за да се утврди автентичноста. Дара не може да тужи, но можеме јас и Цоби бидејќи сме автори на песната, вели раперот и додава:
-Песната звучи како покрај нив да седеле судски вештаци и адвокати и да кажуваат: „Еј, променете го ова“, но направиле пропуст во делот кој е автентичен за „Екстравагантно“.
фото: принтскрин/инстаграм/дара бубамара/твитер