Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Лисабон.
Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музиката и текстот ги напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.
Песната на „Ај Кју“ беше избрана меѓу 381 композиција, кои пристигнале на меѓународниот повик, а во најтесниот круг влегле 12.
Според комисијата која одлучуваше која песна е најдобрата, „Lost and found“ на „Ај Кју“ има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.
Нешто подоцна, пред јавноста беше презентираната и промовирана евровизиската песна, како и спотот за истата, во кој се појавуваат тројцата членови на грушата, Марија Ивановска, Бојан Трајковски и Иво Митковски.
Но во појавувањата и гостивањата на настани и телевизија, Марија и Бојан се појавуваа без тапанарот Иво.
Потоа, и на своите профили ги објавија и пејачките кои ќе настапат како придружни вокали на „Ај Кју“, осносно: Антониа Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска, но никаде Иво.
Токму тоа, наиде на реакции од јавноста на социјалните мрежи, кои се прашуваат дали колегите го „откачиле“ тапанарот.
На објавата на Бојана Трајковски каде ги откри придружните вокали на сцената, еден од следбениците му напиша каде е Иво, а тој не се воздржа од коментар, туку му одговори дека е тука, а коментарот го дополни и со фотографија од долгогодишниот колега.
Едно е јасно, женската енергија ќе преовладува на евровизиската сцена од македонските претавници, а ние веруваме дека постои некаквов договор меѓу нив, како и тоа дека старите пријателства и работа не се раскршиле.