Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, сега фудбалски менаџер Ненад Јестровиќ и неговата поранешна сопруга Тамара жестоко се пресметаа пред неговата зграда во Белград.
Ненад и Тамара, кои веќе неколку години се разведени, се скарале кога таа доаѓала да го земе својот син, кој бил кај татко му. Очевидците тврдат дека набргу и актуелната сопруга на Ненад, Мими, се вклучила во кавгата.
Скандалот се случил пред влезот на зградата каде што неговата поранешна сопруга Тамара, според фудбалерот, дошла пијана и физички ја нападнала неговата сегашна сопруга Мими, по што таа била пријавена во полиција за насилство.
Со Тамара, исто така, бил и нејзиниот нов партнер, кој откако се’ се смирило ја однел дома.
Сé уште не е познато зошто поранешните брачни другари точно се спречкале, но не е тајна дека тие се во исклучително лоши односи и дека нивниот развод бил крајно бурен.