Радио Милева
инцидент или режија?

Скандал, а за малку и трагедија во „Парови“: Натпреварувач извади пиштол, останатите во паника, некои паднаа во несвест! (ВИДЕО)

Скандал, а за малку и трагедија во „Парови“: Натпреварувач извади пиштол, останатите во паника, некои паднаа во несвест! (ВИДЕО)

Минатата ноќ во вилата каде што се одвива реалното шоу „Парови“ се случило нешто што не се случило во ниту едно ријалити до сега. Имено, еден од кандидатите извадил пиштол од гардеробата и им се заканувал на другите учесници во шоуто. На никој не му е јасно како Бенџамин Спахиќ успеал да го внесе пиштолот во вилата.

Претходно, на Бенџамин му биле  пуштени коментарите на публиката во текот на вечерта, кои воглавно биле негативни. Потоа тој станал и отишол во гардеробата.

Откако излегол, учесниците забележале дека држи нешто во раката, по настанал хаос. Тој држел пиштол кој го насочил кон натпреварувачите. Сите почнале да викаат, врескаат и да бегаат каде кој стигне. Бенџамин, според ТВ Хепи на која се емитува шоуто, наводно имал намера само да ја исфрли новинарката која била специјален гостин. Обезбедувањето веднаш влетало во дневната соба, а Ѓорѓе Томиќ му се приближил,  го удрил и го оневозможил „пиштолџијата“. Во тој момент, натпреварувачката Дина Галорини почнала хистерично да вреска, по што се онесвестила.

Не е познато дали пиштолот бил вистински или лажен, а Бенџамин итно бил испратен во изолација. Сепак, откако убаво ќе се прегледа снимката, останува прашањето и сомнежот: „Дали сепак сето ова не е обична режија, однапред смислена и договорена како дел од сценариото“? Погледнете го видеото, па проценете самите:

 

Останати вести од Радио Милева