Радио Милева летен маркетинг

Сите жени плачат што го имаат, само Миа Костова плаче да и го вратат!? (ФОТО)

Сите жени плачат што го имаат, само Миа Костова плаче да и го вратат!? (ФОТО)

Лето, море плажа, уживање… има ли поубав период од годината за опуштање? За некого можеби и има, ама сепак… летото си е лето. Барем за повеќето од нас, па и за јавните фаци… како водителката Миа Костова на пример, која темелно се подготви ова лето да го памти!

Најпрвин теретаната и беше место за „делкање на фигурата“, за потоа естетските хируршки зафати, или поточно корекцијата на градите да ја направат „силиконска убавица“ за мамење погледи на плажа. Во меѓувреме, козметичките третмани го надополнија нејзиниот „лифтинг“, па мама Миа така подготвена како за летна презентација, почна да ги запоседнува домашните и грчките плажи.

Прва придружба  на „пицнатата“ водителка – нејзиниот син Андрија, кој веќе и не е така мал за да не биде добро друштво. А и мангупските работи почнал да ги учи, па мама Миа сакала или не, мора да се прилагоди на фраерлукот на „новите дечки“… во што нема ништо лошо! Напротив – одличен е за забава и тема на муабет на нејзините пријателки и другарки  на социјалните мрежи!

Ама, Миа така „распослана“  на песочната плажа, со новата предница во гро план, посака уште нешто. И тоа нешто, што другите жени го мразат од дното на душата и се ужаснуваат од него.

Имено, сите жени плачат што го имаат, само Миа Костова „плаче“ да и го вратат… Целулитот! За потоа да не ја обвинуваат и озборуваат дека на постираните фотографиии, „играл“ фотошопот! Добар маркетинг, нема што!

 

 

To top