Денес е посебен ден за синот на Брена, Виктор. Неговата понежна половина, Сандра Миљаковиќ, го слави својот дваесет и шести роденден.
Сандра е присутна во животот на Живојиновиќ повеќе од една година, а многумина очекуваа честитки од другите членови на семејството, кои сепак ги немаше на социјалните мрежи.
Но, Александра Пријовиќ не го заборави роденденот на идната снашка. Имено, Прија и приреди изненадување на Сандра и и направи мини роденденска забава во нејзиниот дом.

Торта во форма на срце ја чекаше Сандра, а таа ги дуваше свеќите.
Александра никогаш не криела колку ја сака Сандра и дека добро се сложуваат.